ПРВ.мк

Русите соборија досега невидено летало: Ваков “дрон” досега не е забележан на фронтот во Украина [ВИДЕО]

Русите соборија досега невидено летало: Ваков “дрон” досега не е забележан на фронтот во Украина [ВИДЕО]
Jumbo Banner

Украинските вооружени сили употребиле нов, редок тип ударен дрон со млазен мотор при обид за напад на територијата на самопрогласената Луганска Народна Република, пренесува РИА Новости повикувајќи се на извори од безбедносните структури на Русија.

Според достапните информации, дронот бил успешно приземјен со електронска интервенција од страна на руските сили за електронско војување (РЕБ). Остатоците од леталото потврдуваат дека станува збор за беспилотно летало од авионски тип, изработено од јаглеродни композити.

Леталото претставува нова генерација на дронови со аеродинамична форма во облик на крило и е опремено со мини млазен мотор. Тоа му овозможува брзина до 200 км/ч и дострел до 500 километри. Првичните процени укажуваат дека дронот може да носи борбена глава со маса до 20 килограми.

Овој вид дрон досега речиси и не бил користен, што навестува можен премин во нова фаза на експериментална или дури масовна употреба на напредни беспилотни летала со млазен погон.

Како што наведува РИА Новости, снимки од урнатото летало се веќе достапни и подложени на анализа, но точниот модел на украинскиот дрон засега не е утврден.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран