ПРВ.мк

Трагедија во Србија: Петмина загинаа во обид да спасат човек од септичка јама

Трагедија во Србија: Петмина загинаа во обид да спасат човек од септичка јама
Jumbo Banner

Пет лица загинаа во трагедијата што се случи вчера околу 17 часот на семејната фарма за свињи во Топола, Србија.

Несреќата се случила кога еден маж паднал во септичка јама, а други се обиделе да му помогнат, при што и тие починале.

Четири члена на семејството загинаа: дедо, неговата сопруга, нивниот син и внук. Загинал и сосед кој бил со нив во моментот на несреќата, пишува Блиц.

Меѓу загинатите е дваесетгодишен млад човек, студент на Економскиот факултет во Крагуевац.

Петтата жртва, жена, почина во болница синоќа. Во прашање е сопругата на починатиот дедо, бабата на починатото момче, која била примена во болница во многу лоша состојба, пренесува Нова.рс.

Српските медиуми јавуваат дека жртвите биле убиени од амонијакот од септичката јама и дека најверојатно некој паднал во јамата, а потоа сите што се обиделе да помогнат починале.

Пожарникари, спасувачи и екипи на брза помош пристигнаа на местото на несреќата вчера, но немаше спас за несреќните луѓе.

Амонијакот бил толку концентриран што и двајца од пожарникарите кои се обиделе да ги извадат жртвите се онесвестиле

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран