Трагедија во Љубосело: Четворица загинаа при обид за спасување од септичка јама
Во селото Љубосело, кај Топола, околу 17 часот се случи страшна трагедија на семејна фарма, при што животот го загубија четири лица од кои тројца биле од исто семејство.
Несреќата настанала кога едно лице паднало во септичка јама, а другите се обиделе да му помогнат. За жал, сите се задушиле од токсичните испарувања, најверојатно од амонијак, во затворениот простор каде се наоѓала јамата.
Меѓу загинатите се дедо, син и внук, како и сосед кој се вклучил да помогне при чистењето. Уште едно лице е тешко повредено и во критична состојба, а лекарите се борат за неговиот живот.
На местото на трагедијата веднаш пристигнале пожарникари, спасувачки екипи и брза помош, но за несреќните мажи веќе било предоцна.
Според неофицијални извори, животот го загубиле Б.Ј., Н.Ј., Ф.Ј. и В.И.