Српската полиција попладнево приведе две лица кои со автомобил се залетале кон колона студенти и граѓани во Нови Сад за време на протестна прошетка.
Конвој граѓани и студенти што се движеше кон Мостот на слободата за момент застана, а џип со голема брзина помина покрај обезбедувачите и се залета кон граѓаните што ги блокираа двата правци на Булеварот на ослободувањето. Според првичните информации, никој не е повреден.
На снимки на социјални мрежи се гледа дека граѓаните веднаш го опколиле и удирале во автомобилот по што дошла полицијата ги привела лицата од автомоблот и спречила поголем инцидент..
Во 11:52 часот, граѓаните и студентите во Нови Сад им оддадоа почит на загинатите при паѓањето на бетонската настрешница на железничката станица, по повод шест месеци од несреќата.