ПРВ.мк

Меџити по повод 1 Мај: Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок

Меџити по повод 1 Мај: Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок
Jumbo Banner

Првиот заменик на претседателот на Владата, Изет Меџити, упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, изразувајќи благодарност до сите работници кои со посветеност и чесност секојдневно придонесуваат за развојот на општеството.

Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок – наставниците кои ги едуцираат генерациите, здравствените работници кои го штитат животот, полицајците кои ја обезбедуваат безбедноста, земјоделците кои ја хранат земјата, градежниците кои ја формираат инфраструктурата, и сите останати кои секојдневно ја движат државата напред“,наведува Меџити во честитката.

Тој потсети на заложбите на Владата за отворање нови работни места и решавање на статусот на илјадници работници, како и на конкретните мерки што се преземени, вклучувајќи го зголемувањето на платите во клучните сектори како образованието, здравството и безбедноста, субвенциите за земјоделците, зголемувањето на минималната и просечната плата, како и пензиите.

Знаеме дека секој работник заслужува повеќе: заслужува почит, поддршка и мотивација. Нашата развојна политика се темели врз достоинството на трудот и работникот. Токму оваа основа ќе ја зајакнеме и понатаму, со решителност и јасна визија за поправедна иднина за сите“,посочи Меџити.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран