ПРВ.мк

Општата болница во Кочани стави во функција хипербарна комора за рехабилитација на повредените од „Пулс“

Општата болница во Кочани стави во функција хипербарна комора за рехабилитација на повредените од „Пулс“
Jumbo Banner

Општата болница со проширена дејност – Кочани од денеска ја стави во функција хипербарната комора, што ја доби како донација, а во која соодветна здравствена помош за рехабилитација ќе добиваат повредените од трагичниот пожар во клубот „Пулс“.

Со терапијата во комората ќе се овозможи брза и успешна ревитализација на изгорениците, како и санирање на последиците од интоксикација на организмот по вдишувањето на штетните гасови од чадот во пожарот.

-Вкупно 27 повредени во „Пулс“ од денеска почнаа со рехабилитација во нашата болница. Заедно со нив медицинска нега за опоравување од повредите добиваат уште 11 лица. Тие се распределени на одделнијата за неврологија, хирургија и физикална терапија. Здравствената состојба им е стабилна, информираа од Општа болница – Кочани.

Санирањето на повредите од пожарот ќе трае подолг период, но со користењето на хипербарната комора се очекува времето за рехабилитација значително да се скрати. Според експертите, користењето на комората во период од еден час, заменува престој во планина во период од 7 до 10 дена.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран