ПРВ.мк

Огромно засилување: Пет нови фудбалери пристигнуваат во Реал Мадрид

Огромно засилување: Пет нови фудбалери пристигнуваат во Реал Мадрид
Jumbo Banner

Реал Мадрид подготвува летна реконструкција – Алонсо носи нова ера и пет засилувања

По секоја неуспешна сезона, Реал Мадрид знае да одговори бурно – со длабоки промени и големи инвестиции. Така ќе биде и ова лето, каде веќе се најавуваат сериозни потези и трансфери вредни десетици милиони евра.

Клубот ќе доживее промена и на клупата – Карло Анчелоти си заминува, а неговото место ќе го заземе Чаби Алонсо, кој блескаше како тренер на Баер Леверкузен. Алонсо нема да дојде сам – со себе ќе донесе и пет засилувања, од кои две токму од неговиот сегашен клуб.

Најголемиот трансфер ќе биде оној на Флоријан Вирц, блескавиот млад талент од Леверкузен, за кого ќе бидат издвоени преку 100 милиони евра. Но, она што е особено важно за Реал е тоа што заедно со него, на „Сантијаго Бернабе“ ќе пристигне и Џонатан Тах – како слободен агент, со истечен договор.

Мадридистите имаат сериозни намери и да им го расипат пазарниот план на Ливерпул и Арсенал, кои беа во трка за Мартин Зубименди. Станува збор за одличниот играч од средниот ред на Реал Сосиедад, кој веќе неколку сезони наназад е клучен играч во тимот од Сан Себастијан.

Реално се очекуваат промени и на бековските позиции. Двајца дефанзивци од Премиер лигата се на радарот на „кралскиот клуб“ – Трент Александер-Арнолд, кој би дошол како слободен агент, и Милош Керкез, унгарскиот репрезентативец со српско потекло, за кого Мадрид ќе плати околу 50 милиони евра.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран