Реал Мадрид се соочува со сериозни кадровски проблеми откако клубот потврди дека до крајот на сезоната нема да може да смета на тројца важни играчи – Антонио Ридигер, Ферлан Менди и Давид Алаба.
Вчерашниот ден беше вистински кошмар за „кралевите“, со серија повреди и нови суспензии. Потврдено е дека Давид Алаба го скинал менискусот на левото колено и ќе мора да оди на операција. Очекуваната пауза е најмалку два месеци, поради што неговиот настап на Светското клупско првенство останува неизвесен.
Дополнително, Лукас Васкез доби суспензија и ќе биде надвор од составот на Реал на следните два натпревари во Купот на Шпанија.
Во моментов, списокот на повредени играчи е загрижувачки долг: Карвахал, Ридигер, Милитао, Менди, Алаба и Камавинга се сите надвор од терените, што претставува голем предизвик за тренерот и остатокот од тимот во завршницата на сезоната.