ПРВ.мк

Почина Николче Здравески, легендата на Победа

Почина Николче Здравески, легендата на Победа
Jumbo Banner

На 54-годишна возраст ненадејно почина Николче Здравески, поранешниот фудбалер кој беше една од најголемите легенди на Победа од Прилеп.

Здравески беше капитен на Победа за време на првата шампионска титула на овој клуб, а како тренер ги предводеше прилепчани до втората титула.

Тој ја предводеше Победа и на историските дуели со тогаш силната Парма во 2000 години за која настапуваа Буфон, Канаваро, Турам, Милошевиќ, Креспо…

Речиси целата кариера како фудбалер ја мина во Победа, потоа беше тренер на прилепчани, па работеше и како координатор во младинската школа.

Здравески има и два репрезентативни настапи за Македонија, го носеше дресот на националниот тим на натпревари против Албанија и Азербејџан.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран