ПРВ.мк

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 30.04.2025

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 30.04.2025
Jumbo Banner

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Динамика на тргување и пазарни движења

Тргувањето на последниот ден од месецот беше стабилно, со вкупен промет од 112.588.613,00 денари и благо зголемување на индексот. Активноста беше концентрирана околу неколку поголеми компании, пред сè Алкалоид и Стопанска банка Скопје. Индексот МБИ10 порасна за 0,33% и достигна 10.377,27 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 126,44 поени.

Најтргувани акции

1. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет: 7.215.530 денари, последна цена 26.999 денари

2. Стопанска банка АД Скопје (STB) – промет: 3.414.550 денари, последна цена 2.680 денари

3. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет:2.015.24 денари, последна цена 28,396.00

Најголеми добитници

1. Стопанска банка АД Скопје (STB) – пораст од +8.46%, последна цена 2.680 денари

2. ЗК Пелагонија АД Битола (ZPKL) – пораст од +7,46%, последна цена 3.600 денари

3. Реплек АД Скопје (RPRK) – пораст од +3,21%, последна цена 15.998 денари

Најголеми губитници

1. НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – пораст од -2.67%, последна цена 60,000 денари

2. Стопанска банка АД Битола (STBBT) – пад од -0.68%, последна цена 4,000 денари

3. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пад од -0.01%, последна цена 28,396.00 денари

Обврзнички пазар

Не беа евидентирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана непроменет, на ниво од 126,44 поени.

На крајот од април, берзата прикажа стабилен раст на индексот МБИ10 и активност концентрирана околу неколку водечки компании. Алкалоид, Стопанска банка и Реплек го водеа тргувањето по обем, додека ЗК Пелагонија ја предводеше листата на добитници. Денот помина без значајни промени на пазарот на обврзници.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран