Во текот на вчерашниот ден (29 април) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 44 возачи (ТЕ-33 и ГВ-11) за погрешно и непрописно паркирање, од кои 25 (ТЕ-18 и ГВ-7) биле подигнати со специјално возило пајак. Биле санкционирани и 56 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-30).
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината според условите на патот, односно да ја прилагодат според ограничувањата пропишани со закон и сообраќајни знаци, да ги паркираат нивните возила само на места наменети за тоа и на тој начин најнепосредно да придонесат за нормален и проточен сообраќај, и за личната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.