ПРВ.мк

Ја бодел со нож во вратот пред петгодишната ќерка: Скопјанец свирепо ја убил својата партнерка

Ја бодел со нож во вратот пред петгодишната ќерка: Скопјанец свирепо ја убил својата партнерка
Jumbo Banner

Во Шуто Оризари, Скопје, се случи трагичен настан при кој 42-годишен маж ја убил својата 38-годишна партнерка во присуство на нивната 5-годишна ќерка. По извршеното убиство, осомничениот побегнал од домот, а во неговото бегство му помогнал втор осомничен кој му обезбедил нова облека и го превезол до граничниот премин Табановце. По оставањето на осомничениот на границата, помагачот се вратил во Скопје и се обидел да ги прикрие трагите на своето помагање.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против првиот осомничен за кривично дело „Убиство“ од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Истрага е поведена и против второто лице за кривично дело „Помагање на сторител по извршено кривично дело“ од член 365 став 3 од Кривичниот законик.

Според соопштението на Обвинителството, првиот осомничен при извршувањето на семејното насилство ја лишил од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Делото било извршено во присуство на нивната 5-годишна ќерка. Жртвата била повредена со убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои починала на лице место.

По извршеното убиство, осомничениот побегнал од домот, а во неговото бегство му помогнал втор осомничен кој му обезбедил нова облека и го превезол до граничниот премин Табановце. По оставањето на осомничениот на границата, помагачот се вратил во Скопје и се обидел да ги прикрие трагите на своето помагање.

Во текот на денешниот ден, по наредба на јавен обвинител, биле преземени повеќе дејствија со кои било пронајдено оружјето со кое е извршено убиството, облеката на сторителот и други материјални докази кои се обидел да ги прикрие и кои ќе бидат предмет на вештачење.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор и за осомничениот за убиството и за неговиот помагач.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран