ПРВ.мк

Ова е најлесниот начин да се ослободите од несаканите дамки од дезодоранс на вашата облека

Ова е најлесниот начин да се ослободите од несаканите дамки од дезодоранс на вашата облека
Jumbo Banner

Како да се ослободите од дамки од дезодоранс и кои се најчестите грешки што ги правиме?

Дамките од дезодоранс на облеката се секојдневен проблем со кој се соочуваат многумина – најчесто како резултат на брзина или непосветеност при нанесување на дезодоранс, особено кај антиперспирантите. Добрата вест е што тие може лесно да се отстранат, но и да се избегнат со неколку едноставни навики.

Свежи дамки: решение со детергент за садови

Белите дамки кои остануваат веднаш по нанесување на дезодоранс најлесно се чистат додека се свежи. Според експертите, сè што ви е потребно е малку детергент за садови и ладна вода:

Земете мал пешкир, намокрете го со ладна вода и добро исцедете го.

На ткаенината додадете неколку капки детергент.

Лесно втријте го во дамката додека не се формира пена.

Продолжете со триење сè додека дамката не се избрише.

На крај, исплакнете го пешкирот и со него отстранете ги остатоците од детергентот од облеката.

Важно е да се избегнува сушење со фен или пеглање на делот каде што има дамка, бидејќи топлината може да ја фиксира дамката и да ја оштети ткаенината.

Отстранување на стари дамки

Кај наталожени дамки, најчесто од антиперспиранти кои не се испрани навреме, процедурата е малку поразлична:

Нанесете детергент за садови директно врз сувата дамка.

Со стара четка за заби нежно тријте го делот пред перење.

Процедурата можеби ќе треба да се повтори неколку пати.

Доколку се одлучите да користите комерцијални средства за отстранување дамки, прво проверете ја етикетата на облеката. Кај некои парчиња што се наменети само за хемиско чистење, овие средства можат да предизвикаат дополнителна штета.

Најчести грешки при употреба на дезодоранс

Според британската докторка Даун Харпер, многумина прават неколку клучни грешки при нанесување на дезодоранс:

Нанесување веднаш по туширање: Влажната кожа не го апсорбира добро дезодорансот, па тој завршува на облеката.

Ставање дезодоранс наутро наместо навечер: Вечерното нанесување има подолготраен ефект бидејќи телото е во мирување.

Облекување веднаш по нанесување: Треба да се почека неколку минути за дезодорансот да се исуши.

Често нанесување: Според докторката, доволно е да се користи еднаш до двапати неделно.

Следејќи ги овие совети, не само што ќе се ослободите од постојаните дамки на облеката, туку и ќе го подобрите ефектот на самиот дезодоранс.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран