ПРВ.мк

Трамп: “Многу ни треба Гренланд, не исклучувам воена акција”

Трамп: “Многу ни треба Гренланд, не исклучувам воена акција”
Jumbo Banner

Трамп не ја исклучува можноста за воена акција за преземање на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста за воена интервенција со цел САД да го преземат Гренланд – остров богат со природни ресурси, кој формално ѝ припаѓа на Данска, но има широка автономија.

– Не исклучувам ништо – рече Трамп во интервју за NBC, додавајќи: – Не велам дека ќе го направам тоа, но ништо не исклучувам.

Тој истакна дека Гренланд има стратешка вредност за безбедносните интереси на САД:

– Многу ни треба Гренланд. Таму живеат малку луѓе, ќе се грижиме за нив, ќе ги почитуваме, сето тоа. Но островот ни е неопходен поради меѓународната безбедност – изјави Трамп.

Ова не е првпат Трамп да покаже интерес за Гренланд – претходно веќе има изнесено идеи за американско преземање на островот, било преку економски притисок, било со сила. Сепак, и данската влада и локалните власти на Гренланд остро ги отфрлија тие предлози.

На новинарско прашање дали би можел да се обиде да ја анектира и Канада, на што алудираше во неколку претходни изјави, Трамп одговори:

– Не го гледам тоа со Канада. Искрено, едноставно не го гледам тоа како реална можност.

Во меѓувреме, канадскиот премиер Марк Карни, кој победи на изборите со изразено антитрамповско расположение, се подготвува за официјална посета на Вашингтон, каде што ќе се сретне со Трамп во вторник.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран