ПРВ.мк

Состојбата на Вучиќ е стабилна, доктор откри што се случило во Америка

Состојбата на Вучиќ е стабилна, доктор откри што се случило во Америка
Jumbo Banner

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево ја напушти Воено-медицинската академија (ВМА), потврди вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали. Тој изјави дека Вучиќ се чувствува подобро и му порачал на народот дека нема да се предаде и ќе продолжи да работи.

„Тој е силен човек. Иако му беше наложено неколку дена да мирува и одмара, овојпат ќе биде дисциплиниран. Се надевам на брзо закрепнување“, изјави Мали.

Началникот на управата за воено здравство, д-р Драган Динчиќ, рече дека состојбата на Вучиќ е стабилна, но дека во следните денови нема да може да се врати на редовни обврски. Тој појасни дека за време на престојот во САД, Вучиќ почувствувал краткотрајна болка во градите, а по земањето терапија, притисокот му се стабилизирал. И покрај препораките на американските лекари, Вучиќ решил да се врати во Србија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран