Денеска во 11:40 часот по локално време е регистриран земјотрес во Бугарија со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 13,3 километри.
Неколку минути претходно, во 11:23 и 11:25 часот, беа почувствувани уште два земјотреси во реонот на бугарско-грчката граница, во близина на градот Смолјан. Според податоците, тие биле со магнитуда од 2,6 и 2,7 степени.