ПРВ.мк

Две лица загинаа, над 30 повредени: Нови детали од страшната сообраќајна несреќа во Хрватска

Две лица загинаа, над 30 повредени: Нови детали од страшната сообраќајна несреќа во Хрватска
Jumbo Banner

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 3:10 часот по полноќ на автопатот А3 во Хрватска, помеѓу раскрсниците Поповача и Криж, животот го загубија две лица, а 31 лице се повредени. Во несреќата учествувале автобус со регистарски таблички од Босна и Херцеговина и патнички автомобил.

Според првичните информации од Полициската управа Сисак-Мославина, повредените се пренесени во најблиските болници, а истрагата за причините на несреќата е во тек.

– Несреќата се случи околу 3:10 часот по полноќ. За жал, потврдена е смртта на две лица, а повредени има повеќе. Сите се префрлени на медицинска помош – изјави Маја Филиповиќ, портпарол на полицијата.

Инцидентот се случил меѓу 82-иот и 83-иот километар од автопатот, а сообраќајот бил целосно прекинат на двете коловозни ленти.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран