Денеска во Македонија нè очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста.
Во Скопје времето ќе биде слично – сончево и топло со повремена облачност и слаб ветер од југозапад.
Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 19 и 30 степени Целзиусови.
Утре попладне (понеделник) постои можност за изолирана нестабилност, а од вторник нè очекува период со променливо облачно и нестабилно време – локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понекаде се можни и невремиња. Дневните температури ќе бидат во постепен пад.