ПРВ.мк

Казни за 14 месарници, некои пуштале во промет небезбедна храна

Казни за 14 месарници, некои пуштале во промет небезбедна храна
Jumbo Banner

Казни во вредност од 8 350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли.

Надзорите, како што информира АХВ, биле реализирани на 30 април годинава на целата територија на државата, а како небезбедни се уништени 323 килограми храна.

-Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај седум се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а четири месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените, наведува АХВ.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран