ПРВ.мк

Католиците бесни поради последната фотографија која ја објави Белата куќа [ФОТО]

Католиците бесни поради последната фотографија која ја објави Белата куќа [ФОТО]
Jumbo Banner

Контроверзна фотографија на Трамп по смртта на папата Фрањо предизвика реакции

Само неколку дена по смртта на папата Фрањо, кој почина на 21 април, во Ватикан се подготвува конклава за избор на негов наследник. Во тој чувствителен момент, фотографија на Доналд Трамп во папска облека предизвика бурни реакции ширум светот.

На фотографијата, Трамп е облечен во бела наметка и митра, со голем крст околу вратот, кренат прст и сериозен израз на лицето – сцена што многумина ја сфатија како провокација.

Католичката конференција на државата Њујорк, која ги претставува бискупите од таа американска сојузна држава, реагираше преку социјалната мрежа Х:

„Оваа слика не е ниту хумористична, ниту духовита, господине претседателе. Штотуку го погребавме нашиот сакан папа Фрањо, а кардиналите се подготвуваат за конклавата. Немојте да нè исмевате.“

Осуда стигна и од Европа. Поранешниот италијански премиер Матео Ренци, политичар од левиот центар, напиша: „Оваа слика ги навредува верниците и институциите. Покажува дека лидерот на глобалната десница ужива да глуми кловн.“

Од Белата куќа веднаш следеше реакција. Портпаролката Каролин Левит изјави дека претседателот Трамп немал намера да навреди никого и дека фотографијата е погрешно интерпретирана:

„Претседателот Трамп отпатува во Италија за да му оддаде почит на папата Франциско и да присуствува на неговиот погреб. Тој доследно се залага за католиците и за верските слободи.“

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран