ПРВ.мк

Тешко повреден возач, со четирицикл удрил во ограда и порта

Тешко повреден возач, со четирицикл удрил во ограда и порта
Jumbo Banner

На 02.05.2025 година во 11.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во село Чајле, гостиварско, четирицикл „Поларис“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(31) од село Старо Чајле, изгубил контрола врз четирициклот и удрил во жичана ограда и метална порта од објект сопственост на Ш.Б.

-Во несреќата Ф.Н. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медиционскиот центар во Гостивар и поради природата на повредите тој е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

За несреќата известен бил надлежен ЈО, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Гостивар.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран