ПРВ.мк

На денешен ден, пред 45 години, почина Јосип Броз Тито

На денешен ден, пред 45 години, почина Јосип Броз Тито
Jumbo Banner

На денешен ден, пред точно 45 години, почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892–1980).

Тито беше еден од највлијателните политички и воени лидери на Балканот во 20. век. Од 1941 до 1945 година ја предводеше борбата против фашистичкиот окупатор, а по Втората светска војна остана на чело на државата и на Комунистичката партија. Тој беше и еден од основачите на Движењето на неврзаните, обединувајќи земји од различни континенти кои не припаѓаа на ниту еден од големите геополитички блокови – НАТО или Варшавскиот договор.

Мислењата за Тито и денес се поделени. За едни, тој е симбол на социјална правда, стабилност и меѓународен углед на Југославија. За други, пак, останува запаметен како авторитарен лидер кој жестоко се пресметувал со опозицијата.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е во Куќата на цвеќето на Дедиње во Белград. На неговиот погреб присуствуваа повеќе од 200 државници и познати личности од целиот свет. И ден-денес, многу луѓе од поранешните југословенски републики го посетуваат неговиот гроб, а Куќата на цвеќето досега ја имаат посетено над 20 милиони луѓе.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран