ПРВ.мк

Навивачите на Барселона добија одлични вести, еден од најдобрите светски фудбалери им се придружува на каталонците?

Навивачите на Барселона добија одлични вести, еден од најдобрите светски фудбалери им се придружува на каталонците?
Jumbo Banner

Иако Ерлинг Халанд има важечки договор со Манчестер Сити до 2034 година, тоа не ги замолчува шпекулациите за негова можна преселба. Вчера, каталонскиот весник Ел Национал објави вистинска трансфер-бомба – Барселона планира да се обиде да го донесе норвешкиот голгетер во летото 2026 година.

Халанд е еден од најдоминантните напаѓачи на денешницата. Се прослави во дресот на РБ Салцбург, а потоа продолжи со врвни настапи во Борусија Дортмунд и Манчестер Сити. Последниве три сезони, апсолутно доминира во Премиер-лигата, рушејќи рекорди и носејќи трофеи.

Иако Манчестер Сити му понуди долгорочна стабилност, интересот од шпанските гиганти не стивнува. Претходно се шпекулираше дека Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Халанд во 2026 година, а сега „Ел Национал“ тврди дека и Барселона влегува во трката – и тоа со полна финансиска поддршка.

Според написот, новиот мега-договор на Барса со Најк ќе им овозможи доволно средства за да се обидат да го доведат Халанд, кој би станал најскапиот фудбалер во историјата на клубот. Се споменува цифра од најмалку 200 милиони евра како почетна основа за трансферот.

Секако, пред претседателот Жоан Лапорта и управата на Барселона е сериозен преговарачки предизвик. Сѐ ќе зависи и од ставот на самиот играч, кој порано изјави дека сака да игра во Шпанија.

Барселона е подготвена и симболично да му ја отстапи легендарната „деветка“, која во моментов ја носи Роберт Левандовски – дрес што би бил слободен веќе следната сезона.

Халанд веќе има освоено речиси сѐ со Манчестер Сити, а статистиката зборува сама за себе: на 138 натпревари има постигнато 120 голови и 20 асистенции – учинок достоен за легенда.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран