ПРВ.мк
Спорт

ФУДБАЛСКИ ТИТАНСКИ СУДИР! Франција и Англија вечерва за мундијалската бронза

ФУДБАЛСКИ ТИТАНСКИ СУДИР! Франција и Англија вечерва за мундијалската бронза

Репрезентациите на Франција и Англија вечерва ќе се соочат во натпреварот за третото место на Светското фудбалско првенство 2026.

Дуелот ќе се одигра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со почеток во 23:00 часот по македонско време. Двете селекции останаа без место во големото финале, но ќе имаат можност да го завршат турнирот со освоена бронза.

Франција и Англија досега се сретнале 32 пати во историјата. Англичаните имаат 17 победи, Французите 10, додека пет натпревари завршиле без победник. Гол-разликата е 72:41 во корист на Англија.

На светските првенства овие две селекции играле трипати. Англија славеше во 1966 година со 2:0 и во 1982 година со 3:1, додека Франција победи на последниот мундијалски дуел во 2022 година со 2:1.

Франција до натпреварот за бронза стигна откако заврши на првото место во групата со Норвешка, Сенегал и Ирак. Во елиминациската фаза ги совлада Шведска, Парагвај и Мароко, пред да загуби од Шпанија во полуфиналето.

Англија исто така ја освои својата група, во конкуренција со Хрватска, Гана и Панама. Во плејофот ги победи ДР Конго, Мексико и Норвешка, а во полуфиналето беше поразена од Аргентина.

Големото финале на Мундијалот 2026 ќе се одигра утревечер од 21:00 часот, а за трофејот ќе се борат Шпанија и Аргентина.