ПРВ.мк
Спорт

МАКЕДОНИЈА ИМА СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕ: Блескава победа за Прилеп и Македонија – Матеј доминираше!

МАКЕДОНИЈА ИМА СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕ: Блескава победа за Прилеп и Македонија – Матеј доминираше!
Kristal

Младиот македонски боксер Матеј Чатлески продолжува да импресионира на професионалната сцена, откако вечерва оствари значајна победа на боксерскиот настан во Бор, организиран од Balkan Boxing.

Во рингот, Чатлески се соочи со значително поискусниот противник Милош Јанјанин од Босна и Херцеговина, боксер со долгогодишно искуство и десетици борби зад себе. И покрај разликата во искуство и возраст, 19-годишниот прилепчанец покажа зрел пристап, тактичка дисциплина и сигурност во текот на сите четири рунди.

Судиите на крајот едногласно пресудија во негова корист (3:0), потврдувајќи ја доминацијата што ја прикажа во текот на мечот. Оваа победа претставува важен чекор во неговиот професионален развој, особено ако се земе предвид дека станува збор за негов трет настап во профи конкуренција.

Покрај спортските обврски, Чатлески е и студент на Факултет за Електротехника и Информациски Технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, што дополнително ја истакнува неговата посветеност и дисциплина.

Со учинок од три борби и три победи, младиот боксер веќе се профилира како едно од најперспективните имиња во регионот, најавувајќи успешна и амбициозна кариера во наредниот период.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape