ПРВ.мк
Спорт

ФУДБАЛСКА БОМБА ШТО ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ: Бекам подготвува невозможна мисија – Меси и Роналдо во ист тим?!

ФУДБАЛСКА БОМБА ШТО ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ: Бекам подготвува невозможна мисија – Меси и Роналдо во ист тим?!
Kristal

Лионел Меси и Кристијано Роналдо со години го делеа фудбалскиот свет на два табора. Двајцата доминираа речиси две децении, но никогаш – ниту еднаш – не заиграа заедно. Сепак, според најновите инсајдерски информации, сценарио кое до вчера изгледаше како фантазија, денес станува реална можност. И клучното име во целата приказна е – Дејвид Бекам.

Ко-сопственикот на Интер Мајами се посочува како човекот што би можел да го направи историскиот потег и да ги спои двете најголеми фудбалски икони во еден тим. Причината? Сè поголемото незадоволство на Роналдо од случувањата во Саудиска Арабија.

Според странските медиуми, Португалецот е сериозно разочаран од функционирањето на саудиската лига, начинот на управување и распределбата на трансфер-бюџетите. Дури се тврди дека одбил да настапи за Ал-Наср, што дополнително ги подгреа шпекулациите за негово заминување.

Иако се споменува можен камбек во Европа, се појасна станува и опцијата за преселба во МЛС – токму во Интер Мајами, каде веќе блеска Меси. Американскиот „сон“ би можел да стане реалност, а Бекам и неговиот клуб наводно се подготвени да влезат во трка за потписот на CR7.

Ако ова се оствари, светскиот фудбал ќе добие момент каков што никогаш досега не видел.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo