ПРВ.мк
Македонија

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНИЈА: Рекордни четврица спортисти тргнуваат кон Милано Кортина!

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНИЈА: Рекордни четврица спортисти тргнуваат кон Милано Кортина!
Kristal

Македонија испишува нова олимписка историја! Македонскиот олимписки комитет официјално го претстави националниот тим кој ќе настапи на Зимските олимписки игри Милано–Кортина (6–22 февруари), а за прв пат досега нашата земја ќе има четворица спортисти – сите со исполнета А-норма.

Овој рекорден настап е резултат на долги години напорна работа, екстремни подготовки и борба за место меѓу светската елита. Македонија ќе ја претставуваат:

  • Јана Атанасовска, најмладата во тимот и рекордерка во алпско скијање
  • Виктор Петков, кој ќе се натпреварува во слалом и велеслалом
  • Ставре Јада, најискусниот олимписки борец, на своите трети Игри
  • Ана Цветановска, која по Пекинг повторно ќе настапи во нордиските дисциплини

Спортистите порачаа дека зад оваа норма стојат илјадници километри тренинг и дека во Италија ќе дадат сè од себе – за секунда, за резултат и за гордост на нацијата.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, истакна дека ова е доказ дека новиот олимписки систем функционира: „Иако сме мала земја, по квалитет сме посилни од целиот регион. Обезбедивме врвни услови, нова опрема и целосна поддршка за да блеснеме на големата сцена“, порача Димевски.

Македонските навивачи ќе можат да ги следат настапите на МРТ:

  • Нордиски дисциплини: 10, 12 и 13 февруари
  • Алпски дисциплини: 14, 15 и 18 февруари
FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo