ПРВ.мк
Македонија

Росоклија: Извозот на мозочно ткиво од Македонија во САД бил исклучиво научен и етички!

Росоклија: Извозот на мозочно ткиво од Македонија во САД бил исклучиво научен и етички!
Kristal

Професорот Горазд Росоклија преку писмена изјава за ТВ Телма ги објасни контроверзиите околу извозот на мозочно ткиво од Македонија до Универзитетот во Колумбија, САД. Тој тврди дека целата работа била научна, легална и етички оправдана, а за секое ткиво постоела писмена согласност од семејствата на починатите донатори.

Според Росоклија, проектот бил грант од 1996 година, склучен помеѓу Универзитетот Колумбија и македонските медицински експерти, заедно со Институтот за судска медицина, Институтот за патологија и Психијатриската клиника. Целта била исклучиво истражувачка, а сите активности биле одобрени од етичките комисии на Медицинскиот факултет, МАНУ и Колумбија.

„Грантот, како и сите други со Македонија, имаше целосни согласности од семејствата и етичките комитети, а за секое ткиво постоеше писмена дозвола за користење и интервју“, изјави Росоклија за Телма.

Тој исто така го коментираше и писмото што било упатено до Џефри Епштајн, нагласувајќи дека тоа била претпоставка за презентирање на научната работа и обезбедување финансиска поддршка за истражувањата.

„Преку овој проект, колегите имаа можност да се вклучат во меѓународни истражувања, што за македонските услови претставуваше огромен чекор. Заедно со Дума и колега од Колумбија објавивме труд во ‘Прилози’ на МАНУ, детално објаснувајќи го целиот проект“, додаде Росоклија.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo