ПРВ.мк
Црна Хроника

Нова драма во судницата: Супервештачење може целосно да го смени исходот на двојното убиство во Кратово!

Нова драма во судницата: Супервештачење може целосно да го смени исходот на двојното убиство во Кратово!
Kristal

Судењето за едно од најпотресните злосторства во Кратово е одложено, откако судот одлучи да се направи супервештачење за обвинетата Вангелица Илијевска. Новата психијатриска проценка ќе се спроведе на Клиниката за психијатрија, а целта е да се расчистат сите дилеми што произлегле од претходните вештачења.

Од Основниот суд во Куманово информираат дека одлуката е донесена по барање на обвинителството, кое смета дека новото мислење ќе помогне да се надминат можните недоречености и различни толкувања во досегашните експертски извештаи.

Обвинителството инсистира Илијевска да одговара за двојно убиство според член 123 од Кривичниот законик, додека одбраната тврди дека таа дејствувала во нужна одбрана. Адвокатите посочуваат дека и во вештачењата предложени од двете страни, психијатрите укажале на силна психичка вознемиреност, предизвикана од долготраен конфликт и чувство на сериозна животна загрозеност.

Според одбраната, Илијевска била во брак повеќе од една деценија и подолго време трпела физичко и психолошко насилство, најмногу од сопругот Јован. Кобната ноќ, по жестока расправија и физичка пресметка во семејната куќа, таа најпрво го усмртила сопругот, а потоа и свекорот.

Случајот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде многумина ја поддржаа Вангелица, потсетувајќи дека претходно повеќепати пријавувала семејно насилство. Следното судско рочиште е закажано за април оваа година.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo