Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не застанува по историскиот настап на Вимблдон. По најголемиот успех во својата кариера со пласманот на главниот турнир во Лондон, таа сега го насочува вниманието кон УС Опен.
Организаторите на последниот Грен слем турнир во сезоната го објавија списокот на пријавени тенисерки, а меѓу нив се најде и името на Ѓорческа.
Како и на Вимблдон, македонската тенисерка ќе се обиде преку квалификациите да обезбеди место во главниот жреб и уште еднаш да се најде меѓу најдобрите светски тенисерки.
Квалификациските натпревари за УС Опен ќе се играат во Њујорк една недела пред стартот на турнирот, додека главната програма започнува на 30 август.
По одличните настапи оваа сезона, Ѓорческа ќе има нова можност да го продолжи успешниот период и да се избори за уште еден голем резултат на најпрестижната тениска сцена.









