ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) ИСПИША ИСТОРИЈА, ПА ЈА ШОКИРАШЕ ПУБЛИКАТА: Ислам со порака која одекна

(ВИДЕО) ИСПИША ИСТОРИЈА, ПА ЈА ШОКИРАШЕ ПУБЛИКАТА: Ислам со порака која одекна

Ислам Махачев повторно е на врвот! Неверојатниот борец од Дагестан ја одбрани својата титула во UFC, откако по пет рунди борба со едногласна одлука на судиите го совлада Иан Гари.

UFC 330 во Филаделфија донесе голем број интересни пресметки, но најголемото внимание беше насочено кон дуелот меѓу Махачев и Гари. На крајот, шампионот уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите борци на денешницата.

Борбата траеше сите пет рунди, а Махачев во поголемиот дел од мечот го контролираше темпото и успеваше да го наметне својот стил. Во втората рунда тој упати силен удар во главата на Гари, по што Ирецот за момент ја загуби рамнотежата.

Сепак, Гари успеа да остане на нозе и да продолжи со борбата, избегнувајќи потенцијален нокаут.

Но, вистинската историја беше испишана по последното ѕвоно.

По истекот на петте рунди, сите тројца судии му ја доделија победата на Махачев, со што Дагестанецот продолжи со неверојатната серија.

17 ПОБЕДИ ПО РЕД – НОВ UFC РЕКОРД!

Со оваа победа, Махачев стигна до 17 последователни победи во UFC, соборувајќи го досегашниот рекорд на легендарниот Андерсон Силва.

По борбата, Махачев испрати порака исполнета со самодоверба, но и со почит кон својот противник.

„Ние Русите покажавме дека сме број еден во светот. Ќе го срушиме секој рекорд што го имате. Иан е одличен борец, голем човек и немам ништо друго освен почит кон него. Ви благодарам за овој натпревар“, порача шампионот.

Махачев сега има неверојатен професионален биланс од 29 победи и само еден пораз.

Со новиот рекорд од 17 последователни победи во UFC, Дагестанецот влезе во историјата и дополнително ја зацврсти својата позиција меѓу најголемите борци кои некогаш настапувале во најпрестижната светска ММА организација.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Најнови вести