ПРВ.мк
Спорт

Хенес шокираше со проценка: Ако Исак е 150 милиони, Кејн вреди 250!

Хенес шокираше со проценка: Ако Исак е 150 милиони, Кејн вреди 250!
Kristal

Бившиот челник на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Хенес, направи дрска споредба меѓу вредноста на Хари Кејн и Александер Исак, предизвикувајќи лавина реакции во фудбалскиот свет.

„Кога Баерн го доведе Кејн за 95 милиони евра во 2023 година, многумина се сомневаа дали англискиот напаѓач навистина го заслужува тој износ. Денес, после скоро три години, тие сомнежи се целосно исчезнати“, рече Хенес за „Кикер“.

Тој призна дека на почетокот постоел ризик, бидејќи Кејн не играше на ова ниво во Тотенхем, но истакна колку напреднал во Баерн: „На почетокот беше малку ризик, но во последните години е неверојатен“.

Најизненадувачкиот дел од неговата изјава доаѓа кога Хенес направи паралела со Александер Исак: „Ако Исак вреди 150 милиони евра, тогаш Кејн вреди 250 милиони“.

Фудбалската јавност сега е поделенa: некои ја сметаат оваа проценка за преценета, додека други ја нарекуваат „неверојатна вистина за англискиот голгетер“.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo