Македонската машка ракометна репрезентација ја дозна следната пречка на патот кон Светското првенство 2027 – противник ќе биде селекцијата на Словачка.
Словаците до оваа фаза стигнаа по драматичен двомеч со Украина. Иако го загубија реваншот со 32-31, триумфот од првиот натпревар со 27-24 им обезбеди вкупна победа и пласман понатаму.
Првиот дуел меѓу Македонија и Словачка ќе се игра на 13 или 14 мај во Братислава, додека реваншот, кој може да биде клучен за пласман, е закажан за 17 мај во Скопје.
„Црвено-жолтите“ ќе имаат шанса пред домашна публика да го обезбедат посакуваниот чекор кон големото натпреварување.


















