ПРВ.мк
Скопје

Жителите на Аеродром на раб на нерви: „Не можеме да спиеме со месеци“ – глутница кучиња секоја ноќ го нарушува мирот во населбата!

Жителите на Аеродром на раб на нерви: „Не можеме да спиеме со месеци“ – глутница кучиња секоја ноќ го нарушува мирот во населбата!

Жители на скопската општина Аеродром алармираат за сериозен проблем со улични кучиња во нивната населба, тврдејќи дека со месеци не можат нормално да функционираат поради постојано лаење во текот на ноќта.

Реакциите се споделуваат преку Фејсбук групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“, каде граѓани бараат итна интервенција од надлежните институции за решавање на ситуацијата со бездомните животни.

Според објавата на еден од станарите од улицата „Владимир Комаров“, во населбата веќе подолг период се движи глутница од околу пет кучиња кои речиси секоја ноќ лаат без престан, поради што станарите, како што наведуваат, немаат мирен сон.

Во реакцијата се наведува дека кучињата реагираат и на поминувачки автомобили, велосипеди и други кучиња, што дополнително ја зголемува вознемиреноста во околината. Жителите тврдат дека и покрај обиди за интервенција од надлежни служби, проблемот не е решен и состојбата останува иста.

Инцидентот е регистриран, според граѓаните, во раните утрински часови околу 1 часот по полноќ, кога лаењето било најинтензивно.

Станарите упатуваат апел до надлежните институции и ЈП „Лајка“ да преземат трајни и системски мерки, со цел да се обезбеди мир за жителите, но и хумано и законско постапување со бездомните животни.

Најнови вести