ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОК ВО ТУРСКАТА ЈАВНОСТ: Почина 35-годишната ѕвезда од „Шербет од брусница“ – само часови пред тоа била активна на социјалните мрежи!

ШОК ВО ТУРСКАТА ЈАВНОСТ: Почина 35-годишната ѕвезда од „Шербет од брусница“ – само часови пред тоа била активна на социјалните мрежи!

Турската актерка Еџе Иртем, позната по улогата на Ишил во популарната серија Шербет од брусница, ненадејно почина на 35-годишна возраст, јавуваат турските медиуми, оставајќи ја јавноста во шок и неверување.

Според првичните информации, актерката се почувствувала лошо во утринските часови додека била во својот дом заедно со нејзината мајка. Медицинските екипи веднаш биле повикани на местото, но и покрај брзата интервенција не успеале да ја реанимираат по претрпениот силен срцев удар.

Посебно внимание привлекува фактот што трагедијата се случила само неколку дена по нејзиниот роденден. Иртем, која е родена на 14 јуни 1991 година, кратко пред смртта била активна на социјалните мрежи, каде што им се заблагодарувала на пријателите за роденденските честитки.

Веста за нејзината смрт предизвика силни реакции во јавноста и кај нејзините обожаватели, особено поради ненадејниот карактер на настанот и фактот дека таа била активна и присутна во јавноста непосредно пред трагедијата.

За случајот се огласи и нејзиниот правен застапник Угур Гокујун, кој преку соопштение информираше дека според првичните наоди, причината за смртта најверојатно е срцев удар, но дека ќе се изврши обдукција за да се утврдат точните околности.

Еџе Иртем е родена во Сивас, а своето образование го продолжила на Универзитетот „Јашар“, каде што дипломирала опера и соло пеење. Подоцна се посветила на актерството и завршила обука во престижната актерска школа при Културниот центар Садри Алишик во Истанбул.

Најголема популарност стекна со улогата во драмата „Шербет од брусница“, серија која во последните години бележи висока гледаност и голема популарност во регионот. Нејзината смрт претставува голем удар за турската телевизиска и филмска сцена.

Најнови вести