ПРВ.мк
Македонија

СПРЕЧЕН ГОЛЕМ УВОЗ НА ПИЛЕШКО ОД БРАЗИЛ: Вратени над 23 тони месо поради забрана за птичји грип!

СПРЕЧЕН ГОЛЕМ УВОЗ НА ПИЛЕШКО ОД БРАЗИЛ: Вратени над 23 тони месо поради забрана за птичји грип!

Ветеринарните инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречиле увоз на пратка од 23.685 килограми замрзнато пилешко месо со потекло од Бразил, поради непочитување на важечките забрани за увоз на производи од животинско потекло.

Како што информираат од АХВ, пратката била одбиена на гранична контрола затоа што не ги исполнувала условите утврдени со мерките за заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенца (птичји грип) во државата.

Според официјалните податоци, спорното месо било произведено во јануари 2025 година, додека со актуелната забрана е дозволен увоз само на пратки кои се добиени од животни заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година. Поради ова несовпаѓање, пратката не ги исполнувала условите за влез на домашниот пазар.

Од АХВ потсетуваат дека ова не е изолиран случај, бидејќи и претходно биле враќани пратки од ист тип. Во декември 2025 година на истиот граничен премин била одбиена пратка од над 26 тони замрзнато пилешко батак, исто така со потекло од Бразил.

Институцијата апелира до сите увозници строго да ги почитуваат законските и подзаконските прописи за безбедност на храната, нагласувајќи дека контролите ќе продолжат со зголемена внимателност со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Најнови вести