ПРВ.мк
Македонија

ВЛАСТА САМО ШТО ОБЈАВИ: Проверете ги сметките – имате прилив на средства!

ВЛАСТА САМО ШТО ОБЈАВИ: Проверете ги сметките – имате прилив на средства!

Министерството за финансии денеска реализираше голема исплата на субвенции за тутунопроизводителите, со што на сметките на земјоделците легнаа вкупно 2.028.714.243 денари за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година.

Според официјалните податоци, средствата се распределени кон 15.144 тутунопроизводители низ државата, кои ги исполниле условите за државна поддршка. Исплатата претставува редовна финансиска обврска кон земјоделскиот сектор и доаѓа како дел од политиката за континуирана поддршка на земјоделското производство.

Од надлежните институции истакнуваат дека ваквите мерки имаат за цел да обезбедат поголема финансиска сигурност за земјоделците, особено во периоди кога производствените трошоци се зголемуваат, а пазарните услови се променливи.

Тутунарството останува една од клучните и традиционално најзначајни земјоделски гранки во државата, а преку навремена исплата на субвенциите се овозможува непречено одржување на производството и стабилност на руралните средини.

Со оваа исплата, државата уште еднаш ја нагласува својата определба за поддршка на земјоделците и зајакнување на домашното производство преку редовни финансиски интервенции.

Најнови вести