Утре, 23 септември, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во три скопски општини – Бутел, Кисела Вода и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.
Во општина Бутел, од 07:55 до 09:55 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Тале Христов“ и „Костурска“. Дополнително, од 10:05 до 12:05 часот прекин ќе има и за дел од корисниците на улицата „Боро Меков“.
Во општина Кисела Вода, од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Мишко Михајловски“ и „Емил Зола“.
Прекин е најавен и во општина Карпош, каде од 13:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Варшавска“.










