ПРВ.мк
Скопје

СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ: 15.020 учесници тргнаа на маратон, стартот означен на необичен начин

СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ: 15.020 учесници тргнаа на маратон, стартот означен на необичен начин

Рекорден број од 15.020 учесници денеска трчаат на „Виз ер Скопски маратон“, претворајќи го Скопје во вистински спортски центар. Улиците се исполнети со натпреварувачка атмосфера, а голем број граѓани излегоа да ги бодрат маратонците.

Стартот на маратонот беше означен утрово во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски и претставници на Град Скопје. Од стартот беше испратена порака за истрајност, заедништво и верба во сопствените можности.

Од Град Скопје посочуваат дека годинашното издание е рекордно според бројот на учесници, а секој од нив има своја лична цел, мотивација и приказна поради која застанал на стартната линија.

„Со секој нивен чекор, заедно ја пишуваме најубавата спортска приказна на нашиот град“, порачаа од Град Скопје.

Како покровител на манифестацијата, Град Скопје најави целосна поддршка за успешно одржување на маратонот, со цел оваа спортска традиција во иднина да продолжи да расте и да привлекува уште поголем број учесници од земјата и странство.

Во текот на денот, скопјани се повикуваат да им дадат дополнителна поддршка на тркачите долж трасата со аплауз и бодрење, бидејќи за многумина токму поддршката од публиката е дополнителен мотив да го издржат напорот до целта.

„Денес секој чекор заслужува аплауз, секоја лична победа заслужува почит. Напред, маратонци! Скопје е со вас!“