ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ГОСТИВАР: Две 14-годишни деца тешко повредени - докторите се борат за нивниот живот!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ГОСТИВАР: Две 14-годишни деца тешко повредени - докторите се борат за нивниот живот!

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Гостивар, при која двајца 14-годишни сопатници се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени на лекување во Скопје.

Несреќата се случила на 3 октомври околу 22:10 часот на раскрсницата меѓу улиците „Кеј Вардар“ и „Тоде Богдановски“. Во сообраќајката учествувале три патнички возила – два „голфа“ и едно „бмв“, како и паркиран „пасат“.

Со едниот „голф“ управувал 18-годишниот Е.Р., додека другиот „голф“ го управувал 19-годишниот Б.А. Возач на „бмв“-то бил 25-годишниот М.М., а паркираниот „пасат“ бил во сопственост на 54-годишниот Е.С. Сите се од Гостивар.

Најтешко поминале двајцата малолетни сопатници, на возраст од 14 години. По укажаната медицинска помош во Ургентниот центар во Гостивар, поради сериозноста на повредите биле транспортирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во несреќата повреди добиле и двајцата возачи на „голфовите“, Б.А. и Е.Р., како и сопатниците А.С. и Б.Л.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а се работи на утврдување на сите околности и причините кои довеле до сообраќајката.