Работник (44) од Скопје е тешко повреден додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба.
Инцидентот бил пријавен на 3 октомври во 13:45 часот во СВР Скопје, откако од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ известиле дека кај нив бил донесен С.С. со тешки телесни повреди.
Според првичните информации, работникот се повредил додека ги извршувал своите работни обврски во правниот субјект.
За случајот бил известен и трудов инспектор, додека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до повредувањето.







