Пожар избувнал во стан на улицата „50 Дивизија“ во Скопје, при што еден пожарникар се наголтал од чад и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за лекарска помош.
Инцидентот се случил на 3 октомври околу 16:20 часот, во стан сопственост на 46-годишната А.К. од Скопје. На местото веднаш пристигнала противпожарната единица, која успеала да го локализира и изгасне пожарот.
При интервенцијата, еден од пожарникарите бил изложен на чад и поради влошената состојба бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му била укажана медицинска помош.
По гаснењето на пожарот, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, која треба да ги утврди причините и околностите под кои избувнал пожарот.







