ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ШТИП: 16-годишник со мопед удрил во паркиран автомобил - еве со какви повреди се здобил!

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ШТИП: 16-годишник со мопед удрил во паркиран автомобил - еве со какви повреди се здобил!

Шеснаесетгодишник од Штип се здобил со тешки телесни повреди откако со мопед изгубил контрола и удрил во паркирано возило.

Несреќата се случила на 4 октомври околу 00:45 часот на улицата „Ванчо Прќе“ во Штип. Според пријавеното, малолетникот управувал мопед „Априлија“ со штипски регистарски ознаки, кога од засега непознати причини изгубил контрола над возилото.

Мопедот удрил во паркиран автомобил „Опел“, исто така со штипски регистарски ознаки, по што 16-годишникот паднал на коловозот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Штип, а се преземаат мерки за утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.