ПРВ.мк
Скопје

ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Апсење на повеќе локации - МВР со детали!

ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Апсење на повеќе локации - МВР со детали!
Kristal

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера се спроведени повеќе полициски акции на различни локации во Скопје. Акциите биле насочени кон спречување и откривање на кривични дела, а при нив се лишени од слобода неколку лица.

На 24.02.2026 во 22:30 часот во Полициската станица Кисела Вода од слобода е лишен А.С. (41) од Скопје, откако претходно било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар се обидел со тврд предмет да го нападне И.М., при што кај себе имал и огнено оружје.

Според пријавата, по инцидентот И.М. со повеќе тврди предмети ги оштетил прозорците од куќата на А.С.

По целосно документирање на настаните, надлежното јавно обвинителство ќе одлучи за понатамошните мерки и покренување на соодветни постапки.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo