ПРВ.мк
Црна Хроника

ФОТО: ДНК-траги го поврзуваат осомничениот од Драгоманце со последната жртва во кумановско!

ФОТО: ДНК-траги го поврзуваат осомничениот од Драгоманце со последната жртва во кумановско!
Kristal

Медиум објави фотографија од 25-годишен осомничен од селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, кој се наоѓа во притвор поради сомнение за вмешаност во серија тешки убиства во кумановско. Според информациите од истрагата, неговиот генетски профил се совпаѓа со биолошките траги пронајдени на местото на последното злосторство.

Фотографијата е објавена со заматено лице, со цел да се почитува презумпцијата на невиност и тековната истражна постапка. Според досегашните сознанија, осомничениот живеел повлечено и без поголеми контакти со околината.

Форензичките анализи го поврзуваат со убиството на повозрасна жена во селото Челопек. Истражителите пронашле материјални докази што, според надлежните, претставуваат клучен елемент во истрагата.

Обвинителството наложи ексхумација на уште едно лице од регионот, со цел да се утврди можна поврзаност со други сомнителни случаи. Се разгледуваат повеќе смртни случаи на повозрасни жени кои живееле сами во рурални средини.

Во тек е и психијатриско вештачење кое треба да утврди дали осомничениот бил пресметлив во моментот на извршување на делото.

И покрај притворот, жителите на општина Старо Нагоричане изразуваат загриженост. Дел од нив преземаат дополнителни мерки за безбедност, додека институциите најавуваат целосно расчистување на случајот. Доколку се потврдат сомнежите, станува збор за еден од најсериозните кривични предмети во поновата историја на земјата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo