38-годишниот актер Мајкл Барон почина откако беше задушен од 28-годишниот Џош Бакстер во неговиот дом во Манчестер. Инцидентот се случил по разговор на апликацијата за запознавање Grindr, каде двајцата дискутирале за екстремни сексуални практики. Според извештаите на „The Sun“, Бакстер го врзал Мајкл со јаже и го задушил најмалку 30 минути, што предизвикало срцев удар поради недостаток на кислород во мозокот.
Бакстер беше осуден за намерно задушување и незаконско предизвикување тешки телесни повреди, но беше ослободен од обвинението за убиство од небрежност. Судската казна изнесува четири години затвор.
Мајкл Барон бил познат по своите улоги во филмовите „Hollyhos“ и серијата „Emmerdale“. Неговата мајка, Мери Пауер, во судницата изрази голема тага, истакнувајќи дека син ѝ бил не само нејзино дете, туку и најдобар пријател. „Дел од мене почина. Ништо не може да ве подготви за загубата на дете. Дел од мене никогаш нема да го вратам“, рече таа.
Сестрата на Мајкл додаде дека неговиот живот бил „непотребно прекинат, а иднината полна со соништа останала недовршена“.
Судот истакна дека двајцата биле дел од заедница која практикува БДСМ и други екстремни сексуални практики. Пред инцидентот тие разговарале за можноста да доживеат поекстремно искуство, што на крајот резултирало со трагедијата.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста и ја отвори дискусијата за безбедноста при практикување на екстремни сексуални активности.


















