ПРВ.мк

Ганиу најавува рекордни инвестиции: Чаир влегува во нова фаза на урбан развој

Ганиу најавува рекордни инвестиции: Чаир влегува во нова фаза на урбан развој
Jumbo Banner

Со рекордни 8,7 милиони евра планирани за 2025 година, Општина Чаир започнува амбициозен инфраструктурен бран што ќе ги опфати сите урбани сегменти и маала во општината. Градоначалникот Висар Ганиу денеска на прес-конференција ги презентираше проектите што ќе се реализираат во рамки на овој развоен циклус.

Модернизација на подземните мрежи, реконструкција на улици, изградба на нови детски градинки, подобрување на јавните услуги и оформување на јавни простори се дел од приоритетите во програмата. Ганиу потенцираше дека ова претставува најголем буџет за развој досега и дека целта е Чаир да добие современ урбан изглед со подобрени услови за живот за сите граѓани.

„Ова не се само планови на хартија. Дел од проектите веќе се реализираат на терен, со инвестиции вредни над 2,7 милиони евра во маалата Дижон, Саат Кула и Серава“, истакна градоначалникот.

Проектите се финансирани со директна поддршка од Владата преку наменски фондови за општините. Ганиу порача дека оваа поддршка е претворена во реална имплементација, со јасен фокус на одржлив урбан развој и подобрување на секојдневието на граѓаните.

Со ова, Општина Чаир се позиционира како пример за локална самоуправа која сериозно инвестира во иднината на својата заедница.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран