ПРВ.мк

Меџити: Продолжуваат активностите за уредување на речното корито на Мала Рада во Кисела Вода

Меџити: Продолжуваат активностите за уредување на речното корито на Мала Рада во Кисела Вода
Jumbo Banner

Продолжуваат градежните активности за уредување и зацврстување на речното корито на реката Мала Рада во општина Кисела Вода, каде што во тек е изведбата на нови потпорни ѕидови. Инвестицијата изнесува 30 милиони денари и претставува значаен чекор во унапредување на заштитата од поплави и зачувување на природната средина во урбаното подрачје.

На терен беше и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој истакна дека ваквите инфраструктурни зафати се дел од пошироката стратегија за зајакнување на отпорноста на урбаните заедници на климатски промени и екстремни временски услови.

„Инвестираме во стабилна и безбедна инфраструктура, но и во заштита на граѓаните и животната средина. Овие активности се дел од нашата визија за одржлив урбан развој и еколошка безбедност,“ изјави Меџити.

Проектот предвидува изградба на нови потпорни конструкции и регулација на речното корито, со цел подобрување на водостојната контрола и спречување на ерозивни процеси. Активностите се реализираат во соработка со општина Кисела Вода и други надлежни институции.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран