ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Денеска без вода останаа овие скопски општини - ова е причината!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Денеска без вода останаа овие скопски општини - ова е причината!
Kristal

Жителите на дел од селото Стајковци, населбата Сингелиќ и улицата „Адем Демачи“ денеска ќе останат без редовно водоснабдување поради планирани технички активности на јавниот водовод.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот започнува во 08:30 часот за дел од Стајковци и за населбата Сингелиќ, во близина на земјоделската аптека. Дополнително, од 09:00 часот без вода ќе бидат и корисниците од улицата „Адем Демачи“, пред познатата слаткарница „Тиамо“.

Според информациите од претпријатието, водоснабдувањето ќе биде прекинато за неопределено време, се додека не завршат работите на терен, а тимовите на ЈП „Водовод и канализација“ ќе работат интензивно за да ја обезбедат нормалната испорака на вода колку што е можно побрзо.

Граѓаните се замолуваат за разбирање и за внимателно рационализирање на водата за време на прекинот, а претпријатието ќе информира за повторно пуштање на водата веднаш по завршувањето на активностите.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape