Скопје од раните утрински часови е обвиено со густа магла, која сериозно го отежнува одвивањето на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Поради слабата видливост, во воздух моментално кружат три авиони кои пристигнуваат од Истанбул, Дортмунд и Виена, чекајќи условите да се подобрат за безбедно слетување.
Како последица на временските услови, дел од летовите се со задоцнување, додека неколку планирани полетувања се привремено одложени.
Од аеродромот апелираат патниците редовно да ги проверуваат информациите за летовите преку официјалната веб-страница или кај авиокомпаниите, со цел навремено информирање за евентуални промени.
















